Скопјанец насилно ги одзел децата од вонбрачната сопруга, кои биле во прифатен центар за бездомници


Полицијата синоќа го приведе А. Ш. (24) од Скопје по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во селото Визбегово, Скопско, со закана со остар предмет и физичка сила, од својата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел двете малолетни деца.

Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на мајка им.

Back to top button
Close