Вашингтон пост: Израел планира ограничена копнена операција во Либан, информирани се САД
– Израел планира ограничена копнена операција во Либан, што би можела да започне веднаш, и за тоа биле информирани САД, објави Вашингтон пост, цитирајќи неидентификуван американски функционер.
Операцијата ќе биде помала од војната на Израел во 2006 година против екстремистичкиот либански Хезболах и ќе се фокусира на „расчистување на милитантната инфраструктура долж границата за да се отстрани заканата за израелските гранични пунктови“, рече официјалниот претставник.
Војната на Израел против проиранскиот Хезболах во летото 2006 година траеше 34 дена и во неа загинаа околу 1.200 луѓе во Либан и 165 Израелци