Земјотреси со јачина од 4,4 и 4,9 степени кај Атина и кај Крит
Два земјотреси со јачина од 4,4 степени според Рихтер, на две различни локации, едниот во близина на Атина, другиот со јачина од 4,9 степени во морскиот дел југоисточно од Крит, беа регистрирани рано утрово.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, земјотресот во близина на Крит беше кусо пред 9 часот по локално време, а вториот, 23 минути подоцна со епицентар четири километри југозападно од градот Тива, во близина на Атина, што беше почувствуван и во грчката метропола.
Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета