Во Европската куќа на млади во Скопје отворена стрип изложбата „Да и дадеме шанса на инклузијата“
Стрип центарот на Македонија – Велес денеска во Европската куќа на млади во Скопје ја отвори изложбата „Да и дадеме шанса на инклузијата“ на која се изложија најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на истата тема на која се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини од земјава.
Дел од учесниците на овој конкурс беа дел и од неколкудневна стрип работилница во село Нежилово, каде што ги усовршија и доработија своите стрип дела ,информира за МИА Ване Трајков претседател и основач на СЦМ-Велес.
На изложбата беше промовиран и каталогот каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори, и доделени дипломи и сертифати за учество на ученици, професори-ментори и училишта.
Со денешната изложба, СЦМ-Велес го завршија имплементирањето на циклус од пет изложби, како дел од Грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ .
Овој грант е дел од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.