ДУИ се мобилизира за протести, владата подготвена да ги пресретне обидите за дестабилизација, вели премиерот
Премиерот Мицкоски смета дека обиди за детабилизација има и ќе има, но дека владата е подготвена да ги пресретне. Како мотиватор на такви случувања тој ги посочува челниците на ДУИ кои според него грчебиот се борат на национална тема да мобилизираат луѓе за протести, по можност, како што вели, насилни. Но, тоа според него е прочитано од граѓаните, кои се свесни дека целта на ДУИ е да се заштити од криминалите
„Политиката на ДУИ во последно време е ДУИ против ДУИ. ДУИ во опозиција го демантира ДУИ во власта. На 23 јули 2023 година на владина седница, членови на ДУИ, кои што додека играат фудбалчиња, претпоставувам читуцкаат какви реформи носат, една од тие реформи е реформата во јавната администрација, каде што јасно вели дека треба да биде избришан балансерот. Сега, кое ДУИ ја зборува вистината. Тоа, додека жонглира по канцеларии и гласа вакви реформи во јавната администрација или ова ДУИ во опозиција кое грчевито се обидува на национална тема да мобилизира луѓе, да направи протести, по можност насилни и да ја дестабилизира Македонија со една цел, да ги заштити парите кои што ги имаат натрупано овие 23 години во кои беа дел од власта. Треба да им е јасно на граѓаните, кое ДУИ ја говори вистината. ДУИ ги потценува граѓаните за кои мисли дека имаат кратко помнење. Никој повеќе нема да даде поддршка на политичари кои што злоупотребуваат национални теми а при тоа ги ограбуваат истите тие граѓани. Затоа, да заклучам. Обиди има и ќе има. Подготвени сме“рече премиерот Мицкоски прашан дали има сознанија за можна дестабилизација на земјата.