Со врвни перформански и „Парадата на нации“ во Скопје е отворено Светското првенство во хип-хоп и стрит денс

– Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје вчера беше отворено Светското првенство во хип-хоп и стрит денс – „IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024“. Како што соопштија организаторите, ревијалниот дел на сите земји учеснички кои се дел од овогодинешното издание на светскиот шампионат, беше „крунисан“ со врвни перформанси и „Парадата на нации“.

Вкупно 5000 танчери кои ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ на шампионатот, ги претставија своите држави и добија огромна поддршка од публиката.

-Ова е посебен момент за Македонија, бидејќи го имаме задоволството да бидеме домаќини на еден од најпрестижните настани во светот на хип-хопот. Скопје, со својата богата историја и културна разновидност, денес станува центар на светскиот хип-хоп, каде што учесници од целиот свет се обединуваат преку танц, креативност и заедништво. Овој шампионат е платформа на која младите ги демонстрираат своите таленти, инспирираат и градат мостови меѓу различни култури. Од името на министерството за спорт, министерот Борко Ристовски и од мое лично име сакам да ја изразам нашата длабока поддршка за сите учесници. Вашата посветеност и страст кон хип-хопот не само што се инспиративни, туку претставуваат и симбол на глобално обединување преку уметноста и спортот, изјави државниот секретар на Министерството за спорт и туризам, Сашо Огњеновски, на официјалното отворање.

На отворањето се обрати и организаторот и претседател на Македонската танцова федерација и основач на „Брејк а Лег“, Трајче Петковски, кој ги прогласи сите учесници за вистински победници и повторно им посака добредојде во Скопје, на сите љубители на танцот кои отпатуваа од најразлични краеви на светот.

-Првенството претставува хармонија на енергија, креативност и танцови вештини, што придонесе за позитивен дух и меѓународен престиж за нашата држава – со што Македонија уште еднаш покажа дека може да организира настани од светски калибар и да биде еден од клучните играчи во светот на уметноста. Ова е настан кој не само што претставува одлична можност за промоција на нашата култура и традиција пред меѓународната публика, туку и силен поттик за развој на танцовата индустрија во Македонија, соопштија од шампионатот.

IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024 ќе продолжи со натпреварите во следните пет дена во Скопј

Back to top button
Close