ЈПДП по пресот на СДСМ: Ќе се прекине временото задолжение Миланчо Митревскии ќе се преиспитаат изнесените наводи во јавноста
Соопштение на ЈПДП:
Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола.
Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се.