Фатен е бегалец од затвор осуден на казна од 13 години

МВР информира дека денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и полициски службеници од ПС Драчево во 18:30 часот на ул. „Иван Хаџиниколов” во Скопје го лишија од слобода Д.Ј.(43) од Скопје, баран со потерница поради бегство од затвор.

Според информациите, тој е осуден на казна затвор во траење од 13 години и еден месец поради сторени кривични дела по чл.237, чл.215 и чл.236 од КЗ на РСМ.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа

Back to top button
Close