Таравари за починатото 14-месечно бебе: Не сум судија, ниту обвинител – директорите да преземат мерки за докторите што направиле превид

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека досега нема поднесено ниту една жалба за извештајот што е испратен до Клиниката за детски болести и Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, а кој е изготвен по извршениот стручен надзор откако почина 14-месечно бебе.

„Извештајот, што не е направен од нас туку од професионалци што ние како министерство за здравство ги назначивме, е испратен и до болницата ’Козле’, до Универзитетската клиника за педијатрија и до Лекарската комора. Тие по членовите 297 и 333 можат да поднесат жалби, но до овој момент до нас нема пристигнато ниту една“ – вели Таравари.

Тој очекува директорите на двете клиники да преземат соодветни мерки за докторите што направиле превид.

„Како министер не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав комисија која даде детален извештај што се случило и сега тој е испратен до клиниките и чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму ние може да постапиме врз директорите, меѓутоа не и врз вработените. Треба да инсистира министерството и министерот за да директорите преземаат одредени мерки за тие доктори што направиле некаков вид на превид“, рече Таравари.

Прашан дали можеби ќе ги разреши директорите ако не преземат одредени мерки, Таравари одговори дека неговите очекувања се оти раководните лица на клиниките ќе направат се што треба.

„Да причекаме. Но јас се надевам дека и двајцата директори ќе преземаат некакви мерки, а какви ќе бидат, тие се раководители на тие болници и клиники и не би сакал јас да кажувам што ќе донесат, меѓутоа очекувам од нив да има некаква одговорност“, додаде министерот

Back to top button
Close