Верстапен победи на квалификациите за спринтот во Тексас

Светскиот шампион Макс Верстапен од Ред Бул победи на квалификациите за спринтерската трка за Големата награда на САД во Остин, Тексас во Формула 1.

Холандскиот возач ќе стартува прв во спринтот вечерва во 20 часот по македонско време на „Патеката на Америка“ со најдобро време од 1:32.833 минути.

Џорџ Расел од Мерцедес му се придружи на трикратниот Ф1 шампион Верстапен во првиот ред со време од 1:32.845, а трет е Шарл Леклер од Ферари со најбрз круг од 1:33.059.

Четврти беше Ландо Норис од Мекларен

Back to top button
Close