Неверојатен интерес за првото „Ел класико“ на Мбапе: 1,1 милиони фанови онлајн чекаат билет за „вечното дерби“

Сведоци сме на вистинска фудбалска манија околу првиот судир на Килијан Мбапе како играч на Реал Мадрид против Барселона.

Речиси 1,1 милион луѓе се обидуваат онлајн да обезбедат билет за многу очекуваниот настан. Ова е уште еден доказ за огромниот интерес за француската суперѕвезда, кој продолжува да ги возбудува фудбалските фанови ширум светот.

Натпреварот ветува дека ќе биде епски, а Мбапе, еден од најдобрите напаѓачи во светот, првпат ќе се соочи со Барселона откако е дел од „белиот балет“. Иако билетите брзо се распродаваат, интересот за натпреварот продолжува да расте, при што платформите за онлајн продажба на билети забележуваат рекордна активност.

Навивачите со нетрпение очекуваат да видат како ќе помине Мбапе против нивните големи ривали, а натпреварот дефинитвно ќе биде еден од најголемите спортски настани во годината.

Back to top button
Close