Фонсека: Правиме сè што е можно за да развиеме млади играчи во Милан

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека ги пофали младите играчи кои добија шанса да настапат на синоќешниот натпревар со Бриж во Лигата на шампионите.

Милан победи со 3:1, а 16-годишниот Франческо Камарда влезе во игра во 75. минута.

– Правиме сè што можеме за да развиеме млади играчи. Ги имаме Мората, Абрахам и Лука Јовиќ во нападот, така што Камарда тешко добива минутажа. Се стремиме да му дадеме простор да се подобри. Тој тренира добро и игра зрело за своите години, изјави Фонсека, цитиран од официјалниот сајт на УЕФА.

Милан ја прекина серијата од два пораза во оваа сезона во Лигата на шампионите. Росонерите имаат три бода и се на 18. место на табелата. Бриж е на 24. место исто така со три бода.

Back to top button
Close