Општина Струмица и официјално се откажува од членството во ЗЕЛС – Костадинов ќе поднесе оставка од функцијата во Управниот одбор
„Општина Струмица како институција не е удостоена со ниту една писмена одлука од Владата и нејзините институции. За нив дознаваме преку медиумите. Поради тоа, го напуштаме ЗЕЛС. Членството ќе важи исклучиво за законските ингеренции за ЗЕЛС во однос на системите на општините, а за сè друго сме надвор од ЗЕЛС“вели Костадинов.
Посочи дека од појавувањето на проблемот со водата на 27 септември годинава, ЗЕЛС не покажа апсолутно никаков интерес, иако е сведок на случувањата, а браната „Турија“, од која струмичани и шест населени места се снабдуваат со вода за пиење, е под надлежност е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
напиша градоначалникот.
Според него, ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права и уставните права и слободи, а тој како градоначалник, менаџерскиот тим и вработените во ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжат во докажувањето на вистината дека водата е исправна и микробиолошки и по хемиско-физичкиот состав.
„Срамно и жално е да се тера политика врз здравјето на граѓаните на општина Струмица. Срамно е да се јадат печени костени во Ново Село, а да не се покаже никаков интерес за најголемиот предизвик со кој се соочуваат Струмица и струмичани“вели Костадинов.
Порача дека струмичани се издржливи на неправдите од власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе излезат победници во едномесечната голгота за остварување на правото на чиста вода за пиење.