Зајкова: ЛДП делува независно во Собранието, нема одлука за приклучување кон ВМРО-ДПМНЕ

– Ние како партија уште во мај донесовме одлука дека ќе делуваме независно, додека пак за локалните избори кои следуваат догодина ќе се одлучува на ниво на партиските тела како ќе настапиме, не е исклучено да настапимe и како независна партија – појаснува таа.

Во однос на заедничките ставови по некои предлог закони и слично, таа вели дека и тоа е пракса на партијата, да има свој став околу прашањата кои понекогаш и порано бил различен од ставот на коалициските партнери, како за пример го спомна рамниот данок за кој ЛДП беше застапник, додека пак СДСМ инсистираше на прогресивен данок.

Синоќа тв21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека лидерката на ЛДП, Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ, иако не се знае дали ќе ѝ се приклучи на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close