МотоГП: Мартин со нов триумф се поблиску до титулата

Шпанецот Хорхе Мартин се доближи до освојување на светската титула во МотоГП, откако денеска победи во спринтот пред утрешната Голема награда на Малезија, зголемувајќи ја својата предност во генералниот пласман на 29 бодови пред Франческо Бањаја, кој излета од патеката и не ја заврши трката на патеката во Сепанг.

Марк Маркез од Гресини Рејсинг заврши на второто место, додека тимскиот колега на Бањаја, Енеа Бастианини беше трет.

Мартин (Прамак Рејсинг) сега има 465 бодови во поредокот кај возачите пред претпоследната трка сезонава во Малезија в недела, додека Бањаја е втор со 436.

Шпанецот може да ја обезбеди светската титула доколку победи на утрешната трка во Малезија со девет или повеќе поени од Бањаја.

Back to top button
Close