(ФОТО) По подолга пауза во јавноста се појави Сашо Мијалков во Штипско Ново село на осветување на црквата на кога со брат му Влатко се ктитори

Екс директор на УБК Сашо Мијалков по подолга пауза се појави во јавноста и тоа во друштво на своето семејство во родното Штип.

Присуствуваше на осветувањето на новата црква „Св. Димитриј“, која што се наоѓа веднаш до новата зграда на Музејот на револуционерната борба во Штипско Ново село.

Мијалков во мај излезе предвреме од затворот во Струга, каде што ја отслужуваше казната за случајот „Империја“. Тој беше обвинет и во неколку други случаи на поранешното СЈО, но дел му застареа, а беше и ослободен во случаите „Тортура“ и „Трезор”.

На денешното осветување на црквата „Св. Димитриј“, кое што беше извршено од страна на Поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан, тој присуствуваше заедно со брат му Влатко, поранешен директор на Царинската управа. Браќата Мијалкови се ктитори на црквата.

Црквата „Св. Димитриј“ располага со богат фрескоживопис и голем број икони на светецот и останатите светци, а почна да се гради пред 12 години под ктиторство на браќата Мијалкови, чија семејна куќа се наоѓа во непосредна близина на овој црковен објект. Во темелите на црквата тогаш се стави и посвета на која што фигурира и името на бизнисменот Орце Камчев, кој исто така учествуваше во поставувањето на камен темелникот во август 2012 година, а цело време на изградбата до објектот беше поставена табла на која пишуваше дека инвеститори се семејствата Камчеви и Мијалкови.

Фото: Метропола

Back to top button
Close