„Ајде да се запознаеме“ – серија проекции на современи грчки филмови
Во Кинотека вечер почнува серијата проекции на современи грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“ што ја организира Амбасадата на Грција во Северна Македонија.
Вечерва, во 19 часот, прв ќе биде прикажан повеќенаградуваниот филм „Мала Англија“ (2013) на Пантелис Вулгарис, а влезот е бесплатен.
Вулгарис е еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос е главен претставник на трендот на новата грчка кинематографија која стана светски позната во 70-тите.
„Мала Англија“ е производ на соработката на Вулагарис со истакнатата грчка писателка Јоана Каристианис. Постигна голем успех од уметнички, но и од комерцијален аспект. Доби шест признанија од Грчката филмска академија и награда за најдобар филм на 17. Меѓународен филмски фестивал во Шангај.
Филмот „Мала Англија“ е романтична драма, која се одвива во периодот помеѓу 30-тите и 50-тите години на островот Андрос, наречен Мала Англија поради неговото богатство. Базиран е на најпродаваниот роман на истакната грчка писателка Јоана Каристиани, и имаше успех и кај публиката и кај критиката. Филмот има добиено шест награди од Грчката филмска академија и наградата за најдобар филм на 17-тото издание на Шангајскиот филмски фестивал.
„Мала Англија“ е епска приказна за изгубената љубов и убава приказна за љубовта меѓу две сестри, сместена на грчкиот остров Андрос. Ова е приказната за семејството Салтаферос. Мина е мајка која ги контролира животите на своите ќерки Орса и Моска. Орса, постарата од двете, е вљубена во Спирос Малтамбес, но нејзината мајка ја присилува да се омажи за друг маж. Сопругот на Орса е полн со љубов, но таа не може да го заборави Спирос, кој се оженува со личноста што Орса најмногу ја сака на светот.