Се трага по Лидија од Скопје!

Посветена мајка, сопруга, вработена жена без никакви здравствени проблеми, така ја опишува семејството Лидија Трајковска (43), која утрово околу пет часот излегла од семејниот дом и и се губи траг.

Со себе не понела никакви лични документи, ниту пак мобилен телефон. Нејзините блиски вознемирени од случајот апелираат за помош од јавноста во пронаоѓањето на Лидија

-Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми се уште спиеле.

Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција.

Последна информација околу нејзиното движење имаме од снимки од камери, живееме во Јурумлери, а таа е забележана на автобуската станица Јурумлери.

Облечена е во зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

Се работи за слаба и ниска жена, и секоја информација е добредојдена, изјавила за ,„Фокус“ нејзината ќерка Мартина.

 

Back to top button
Close