Дијалозите ќе се водат за двете книжевни изданија на Институтот УМЕТНОСТА НА ДИЈАЛОГОТ од Ана Јовковска и КНИЖЕВНОСТА НИЗ КРИТИЧКА ВИЗУРА од Ана Мартиноска, коишто отвораат повеќе прашања за литературата денес, за спрегата на критиката и уметноста, за ангажираното писмо и за други книжевни теми и дилеми.
Покрај двете авторки, говорници се Гоце Смилевски, Владимир Мартиновски, Александар Прокопиев, Фросина Пармаковска, Петар Андоновски.
Повеќе за книгите:
Уметноста на Дијалогот од Ана Јовковска
Книжевноста низ критичка визура од Ана Мартиноска