Саманта Харви за романот „Орбитал“ ја доби Букеровата награда

За романот „Орбитал“ британската авторка Саманта Харви ја доби престижната Букерова награда за проза за 2024 година.

Станува збор за приказна за шест фиктивни астронaути (мажи и жени) на Меѓуародната вселенска станица кои во текот на едно деноноќие искусуваат шеснаесет изгрејсоцна и шеснаесет зајдисонца. Книгата е опишана како „медитација за Земјата, убавината и човечките копнежи“.

Со само 136 страници, „Орбитал“ е втора најкратка книга која ја добива оваа награда.

Back to top button
Close