Одбележување на Меѓународен Ден на толеранцијата, со настан „РАЗНОЛИКОСТА Е ФАКТ, ПРИФАКАЊЕТО Е ЧИН

На 15 ноември 2024 (петок), 19:00 часот во Кинотека на Северна Македонија Почитувани, Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа годинава по осми пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција-15 ноември, со настан под мото „Разноликоста е факт, прифакањето е чин“.

Оваа тема ја третира различната сексуална ориентација и нивното прифаќање во нашето општество.

Оваа година настанот го организираме со поддршка од Ротари клубот “Камен Mост-Скопје” Настанот ќе се одржи на ден 15 ноември 2024 година (петок), во Кинотека на Северна Македонија, со почеток во 19:00 часот.

Настанот ќе го отвори претседателката на клубот, Светлана Караѓозова. Потоа следува проекција на филм-Сведоштво на родител на LGBT+ лице.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранција ќе продолжи со трибина на оваа тема. Говорници на настанот ќе бидат:  Проф.др.Инес Црвенковска Ристеска, етнолог и антрополог

Проф.др.Ана Блажева, психолог, социолог, психотерапевт

Прим. др. Славица Гајдазис Кнежевиќ, психијатар и психотерапевт

Радмила Живановиќ, психолог и психотерапевт

М-р Ангел Димитриевски, магистер по медиумска едукација

Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Настанот ќе продолжи со прашања и дискусија на оваа темата.

Модератор на настанот е Душица Брачиќ, асистент на Институтот за етнологија и антропологија. По завршување на настанот се планира дружење во фоајето на Кинотека на Северна Македонија.

 

Back to top button
Close