Мицкоски за договорот со „Бехтел и Енка“: Ставот не ми е сменет, но како одговорен политичар нема да дозволам да одам чекор назад

Одговарајќи на новинарско прашање во кое му беше посочен неговиот коментар од април минатата година кога договорот го оквалификува како најкриминален во историјата на Македонија, премиерот рече дека ставот за оваа зделка не му е променет, но дека, како што кажа, како одговорен политичар нема да дозволи да оди чекор назад од она што веќе е започнато бидејќи државата ќе биде изложена на дополнителни трошоци

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот став за договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д не е променет.

Одговарајќи на новинарско прашање во кое му беше посочен неговиот коментар од април минатата година кога договорот го оквалификува како најкриминален во историјата на Македонија, Мицкоски рече дека ставот за оваа зделка не му е променет, но дека, како што рече, како одговорен политичар нема да дозволи да оди чекор назад од она што веќе е започнато бидејќи државата ќе биде изложена на дополнителни трошоци.

„На тој начин покрај 350 милиони евра коишто веќе се платени од страна на претходната влада како аванс, а не е ништо направено. Имајќи го во предвид тој криминален и антидржавен договор ќе завршиме на арбитража којашто сигурно ќе ја изгубиме и така ќе платиме уште нови 350 милиони најмалку долари и ќе дојдеме до цифра помеѓу 700 и една милијарда, а нема да добиеме ниту еден километар автопат. Сакам тие пари да ги насочиме кон овие луѓе, кон образовните работници, да направиме уште некој километар автопат, а не да фрлиме 700 милиони евра во ветер затоа што некој се однесувал неодговорно и несоодветно“,рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Затоа, како што рече, одлучено е да се работи и проектот да се заврши во рамки на сумата којашто е предвидена.

„Еве, ќе ви дадам еден пример, да речеме завршува една арбитража и поради едно такво однесување неодговорно на претходната влада сега вие граѓаните ќе треба да платите 450 милиони долари изгубена добивка. Завршена е таа арбитража. Јас така нема да се однесувам додека сум премиер. Инаку ставот е ист. Но прашањето е дали ќе бидам неодговорен или одговорен. Неодговорноста значи помалку за вас, а повеќе за тие компании коишто за жал имале работа со несовесни и неодговорни политичари“,додаде премерот.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, говорејќи за договорот со „Бехтел и Енка“, неодамна во интервју за „360 степени“ рече дека е сосема нормано да се прифати нешто што е веќе договорено, но и дека досега се дадени големи пари за проектот.

Back to top button
Close