Притвор за две лица од Струга поради опожарување возило на охриѓанец


Мерка притвор од 30 дена им е изречена на две млади лица поради опожарување возило во Охрид, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од ОВР – Струга вчера ги лишиле од слобода 24-годишниот стружанец В.М. и Р.А., 18-годишно лице од струшко Радолишта, откако на 8 ноември, 36-годишниот охриѓанец М.Г. пријавил дека пред неговата куќа во Охрид, опожарено било возило „бмв“, што тој претходно го управувал и паркирал пред куќата.

– Лицата се спроведени во полициска станица, а во службениот разговор, В.М. во целост го признал извршеното кривично дело. Денеска до ОЈО – Охрид е поднесена кривична пријава против двете лица за извршено кривично дело по член 288 од КЗ и од страна на судија на претходна постапка, на двете лица изречена им е мерка притвор од 30 дена, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close