Отворање на изложба „Постоиш ли Алиса“? на Јелена Белиќ во Музејот на Македонија
Во Музејот на Македонија денеска, во 13: 30 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса?“ на авторката Јелена Белиќ. Изложбата ќе биде отворена до 5 декември.
Фотографиите од изложбата се реализирани во рамки на сетот за краткиот црно-бел нем филм на Колектив Ветерница и Трисомија 21 со работен наслов „Чуда во земјата на Алисите“ сниман од 15-ти до 18-ти јануари 2023-тата година во фоајето на Македонската Опера и Балет.
Во изложбата се вклучени портрети на 18 членови на инклузивниот ансамбл на Колектив Ветерница.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Музејот на Македонија, Колектив Ветерница и Партизанска штампа