Маскерано ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Барселона и на аргентинската репрезентација Хавиер Маскерано ќе биде назначен за тренер на Интер Мајами. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо.

Маскерано моментално ја предводи младинската репрезентација на Аргентина. Според информациите, раководството на МЛС клубот веќе се договорило со 40-годишниот стручњак и тој ќе потпише долгорочен договор.

Маскерано е фаворизиран за тренер на тимот од страна на ѕвездата Лионел Меси. Тие двајца се долгогодишни пријатели и соиграчи во аргентинската репрезентација и Барселона. Покрај тоа, за американскиот клуб настапуваат и поранешните соиграчи на двајцата Аргентинци во Барселона – Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.

Маскерано во Интер ќе наследи уште еден аргентински стручњак, Херардо Мартино, кој поднесе оставка на почетокот од оваа недела.

Back to top button
Close