Го барале по потерница, а тој си пазарел во маркет

Прилепчанец кој се барал со централна потерница од Идризово за издржување на казна затвор во времетраење од една година и два месеца бил приведен во Битола.

Од МВР информираа дека 46-годишниот маж вчера околу 18.20 часот бил приведен во маркет на улицата Филип Втори Македонски.

Приведувањето е врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово.

Back to top button
Close