Турски државјанин со потерница за убиство задржан во Македонија: Обвинителството бара мерка притвор


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор поради екстрадиција за турски државјанин по кого била распишана потерница од Интерпол за издржување казна затвор за кривично дело – Убиство.

Против 46-годишниот жител на Измир, кој се легитимирал со турската возачка дозвола и дозвола за престој во државава со важност до септември 2025 година, во Турција е изречена пресуда и затворска казна од 11 години 11 месеци и 6 дена.

Турските власти распишале потерница по него од 24 јули годинава. Тој бил присутен во судот кога била донесена пресудата против него, по што избегал и станал недостапен за турските власти.

Back to top button
Close