„Фајненшл тајмс“ : Директорот на ЦИА презема поголема улога во преговорите меѓу САД, Русија и Украина

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ратклиф се подготвува да преземе поголема улога во преговорите на Вашингтон со Русија и Украина, додека Белата куќа размислува за намалување на ангажманот на специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, објави денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Американските претставници им кажале на своите европски колеги дека Ратклиф ќе игра поголема улога во дипломатските напори меѓу Русија и Украина, во обид да започнат разговори насочени кон прекин на четири и полгодишната војна.

Според весникот, Белата куќа размислува за намалување на ангажманот на Виткоф и Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, кои досега ги водеа преговорите со Москва и Киев.

Функционери блиски до Ратклиф им кажале на европските колеги дека тој ќе преземе поголема улога во посредувањето во дипломатијата меѓу Русија и Украина, која моментално ја водат Виткоф и Кушнер, а во исто време ќе продолжи со контактите со разузнавачките претставници на двете земји.

Back to top button
Close