Тајмс: Трамп планира од војската да избрка 15 илјади трансродови лица
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува веднаш по инаугурацијата да ги отпушти сите трансродови лица кои служат во американската војска, пишува британскиот весник „Тајмс“.
Според магазинот воените лица кои ќе бидат прогласени за неподобни за служба од медицински причини. Нема да бидат поптедени ниту оние кои веќе постигнале значителен успех во редовите на вооружените сили на САД.
Според весникот, новата наредба на Трамп исто така нема да дозволи трансродовите лица повеќе да се пријавуваат во војска.
Во текот на првиот претседателски мандат, Трамп се обиде да ги ограничи трансродовите лица да служат во војска, наведувајќи ги како причина „високите медицински трошоци“ и „потенцијалните дисциплински проблеми“.
Но, неговите иницијативи беа блокирани од судовите и Конгресот, тогаш под контрола на либералите.