Трамп објави мапа на која Ормуската теснина е преименувана во „Трампова теснина“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормуската теснина е означена како „Трампова теснина“, откако претходно предложи стратешкиот воден пат да биде именуван по него.
На мапата, објавена на неговата социјална мрежа Truth Social, Теснината е заокружена и означена со натпис „Трампова теснина“. Под објавата нема коментар од него.
Трамп претходно предложи Теснината да биде преименувана по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД.






