Доне Таневски ѝ продаде акции во „Македонијатурист“ на „Промедика

Минатата недела донесе нови промени во сопственичката структура на „Македонијатурист“. „Промедика“ стана нов акционер и поседува 8,68 проценти од основната главнина на друштвото, а „Скопски пазар“ ја зголеми сопственоста на 10 проценти од основната главнина, пишува Блумберг Адриа.

„Блумберг Адрија“ минатата недела објави дека во блок трансакција вредна 417,9 милиони денари (6,7 милиони евра) се продадоа 30.741 акција од „Македонијатурист“ коишто претставуваат 6,80 проценти од основната главнина на друштвото. Акциите се продадоа по цена од 13.597 денари за акција, којашто е многу повисока од просечната цена од 7.501 денар по која вчера се тргуваа акциите на компанијата.

Back to top button
Close