Трамп го именуваше генерал Келогза свој пратеник во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави дека го номинира пензионираниот генерал Кит Келог – кој е цврст лојалист – за свој пратеник во Украина. Негова цел ќе биде ставање крај на руската инвазија што трае две и пол години.
„Го номинирав генералот Кит Келог да служи како специјален пратеник за Украина и за Русија. Кит водеше истакната воена и деловна кариера, вклучително и служење на многу чувствителни улоги за национална безбедност во мојата прва администрација“, објави Трамп социјалните мрежи.

Back to top button
Close