Најновиот број на „Дебар Маало Тајмс“ посветен е на Горан Стефановски

Од печат излезе четвртиот број на „Дебар Маало Тајмс“. ДМТ е весник посветен на скопскиот ареал Дебар Маало, кој, заради основачите (Зоран Блажевски и Милан Банов) и редакцијата (Дарко Андоновски, Иво Антов, Димитар Банов, Ѕвездан Георгиевски, Братислав Димитров, Лилјана Миленкова, Мојсо Мојсовски, Слободан Унковски) кои што пишуваат за ДМТ, како и другите автори на текстовите, опстојува како посебен универзум со своите типични карактеристики.

И кога се зборува за Дебар Маало, секако неминовно е асоцијацијата со Горан Стефановски, кој, како што го опишуваат од ДМТ е „најсјајната ѕвезда што засветлила над Дебар Маало“.

Затоа најновиот број на овој весник е посветен на македонскиот Шекспир, Горан Стефановски, дебармаалец, другар, пријател, брат, соработник на весникот.

На насловната од „Дебар Маало Тајмс“ редакцијата напиша: Му го должиме овој број и непогрешливо знаеме дека од таму, од некоја небесна височина ќе ги врти страниците на весникот, ќе чита и препрочитува, ќе рецензира, за конечно да рече: Еј, па вие како демонот од дебар Маало, по долги години се вративте и решивте и „Дебар Маало Тајмс“ да го вратите на свое место – меѓу читателите“.

„Дебар Маало Тајмс“, како бесплатен примерок може да се добие во кафеаните на Дебар Маало

Back to top button
Close