Серијата „Хари Потер“ ќе се снима во текот на летото

„Претстојната оригинална серија на ‘Ејч-би-о’, ‘HarryPotter‘ ќе се снима во студиото ‘Ворнер брос Ливсден’, а продукцијата ќе почне во летото 2025 година и ќе се појави на (стрим-платформата) ‘Maкс’. Серијата ќе има нова екипа која ќе ја води новата генерација обожаватели, полна со фантастични детаљи, многу саканите ликови и драматични места коишто обожавателите на ‘Хари Потер’ ги сакаат повеќе од 25 години,“ соопшти продукциската куќа.

По повикот за кастинг, објавен во септември, 32.000 деца биле на аудиција за главните улоги, при што „тимот прегледува до 1.000 ленти дневно“, според „Ејч-би-о“.

Повикот за кастингот пропишува дека апликантите мора да бидат жители на Обединетото Кралство или Ирска, на возраст меѓу 9 и 11 години

Back to top button
Close