Флик може да биде суспендиран на најмалку два натпревара


Тренерот на Барселона, Ханси Флик се соочува со суспензија од два натпревара.

Германецот беше исклучен во 66. минута на вчерашниот натпреварот со Бетис во Ла Лига (2:2) поради расправија со судијата за досуден пенал против Каталонците.

Во извештајот од натпреварот се наведува дека причина за отстранувањето биле вербален напад, гестикулациите и протестите на Флик против одлуката на судијата Алехандро Муњиз. За ваков прекршок пропишани се минимум два меча дисквалификација.

– Протестите против главниот судија, помошните судии или четвртиот судија, освен ако не се квалификуваат како посериозен прекршок, се казнуваат со исклучување во период од два до три натпревари или до еден месец, стои во Дисциплинскиот законик.

Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) ќе донесе одлука следната недела.

Во следните два натпревара од Ла Лига Барселона ќе игра против Леганес и Атлетико Мадрид. Двата натпревари ќе се одиграат на домашниот стадион на Блауграна.

Back to top button
Close