Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
Дефанзивецот на лондонски Арсенал, Бразилецот Габриел (26) закрепна од повредата на тетивата и ќе конкурира за саботниот дуел против Евертон.
Габриел се повреди на натпреварот против Вест Хем на крајот на минатиот месец и пропушти три натпревари.
„Габриел тренираше и постои можност да ни биде на располагање“, изјави вечерва тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Бразилскиот стопер пристигна во Арсенал во август 2020 година од Лил за 30 милиони евра