Натпреварите во Евролигата ќе започнат со минута молчење поради смртта на Јанис Тима

– Евролигата се придружува на латвиската и меѓународната кошаркарска заедница во жалост за смртта на Јанис Тима, објави најпрестижното европско клупско кошаркарско натпреварување.

Тима (32) денеска е пронајден мртов во руската престолнина Москва, а според првичните информации извршил самоубиство.

Евролигата соопшти дека ќе се одржи едноминутно молчење пред натпреварите од 16. коло на турнирот, кои на програмата се денеска и утре.

Тоа ќе се случи и пред натпреварите од 12. коло на вториот по силина турнир – Еврокупот, кој исто така е под управа на Евролигата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close