Пет фудбалери на Реал Мадрид во идеалниот тим на ФИФА

Петмина играчи на Реал Мадрид најдоа место во идеалниот тим на ФИФА – Карвахал, Рудигер, Крос, Белингем и Винисиус.

Манчестер Сити го претставуваат Рубен Диас и Ерлинг Халанд, додека Барселона, Арсенал и Астон Вила имаат по еден играч во симболичните 11 – Јамал, Салиба и Мартинез.

Голман е Емилијано Мартинез, кој исто така ја доби наградата за број 1 на својата позиција. Во одбраната пред него се Дани Карвахал, Антонио Рудигер, Рубен Диас и Вилијам Салиба. Триото во средниот ред го сочинуваат Џуд Белингем, Родри и Тони Крос, а во нападот Ламин Јамал, Ерлинг Халанд и Винисиус

Back to top button
Close