ЈП Улици и Патишта велат дека вработените имаат земено плата! „Kако што и беше очекувано од суетата на Мицкоски

Од ЈП Улици и патишта утрово испратија реакција по повод протестот на нивните вработени пред Град Скопје.

Како што велат, вработените имаат земено плата, па нејасно е зошто синдикатот протестира.

„Поврзано со политички мотивираниот протест денес пред јавното претпријатие Улици и патишта Скопје и Град Скопје, како што и беше очекувано од суетата на Мицкоски, се продолжува да се прави криза по ред во сите јавни претпријатија, а денес му дојде редот на ЈП Улици и патишта Скопје.

Мицкоски пред да продолжи да прави штета на скопските претпријатија и Градот Скопје, би требало да ги информира граѓаните дека вработените во ЈП Улици и патишта Скопје имаат земено плата па од таму нејасно е зошто синдикатот протестира.

Истовремено Мицкоски треба да ги информира дека за линеарно зголемување плата и К15, што се барања на синдикатот одлука носи Управниот одбор на претпријатието чии членови се избрани токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно само на претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, му е нејасно зошто е пред бараките на град Скопје, кога одлуките кои ги бара ги носат членовите на Управниот одбор на ЈП Улици и патишта Скопје избрани од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, треба да се изјасни зошто не се бори за правата на вработените во државното претпријатие Железници каде работи, на кои со месеци им се доцни со плата.

Зошто Марјан Ристески како синдикалец за вработените во државното претпријатие Железници каде работи, не протестира да бара линеарно зголемување плата, исплата на К15 и наградна плата и не протестира пред Железници. :)))

Јасна е целта на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, се додека насилно не ги превземат скопските јавни претпријатија, активно ќе ги напаѓаат секој ден со цел креирање нови кризи, па дури ќе организираат и протести за плата во претпријатија каде истата веќе е исплатена“, велат од ЈП Улици и патишта.

Back to top button
Close