Во Куманово фатени двајца бегалци од затвор
Денес (21 декември) околу 12.20 часот, полициски службеници ги уапсија Е.П. (31) и Д.С. (41) кои се обиделе да избегаат од затвор.
Е.П. е од Скопје и е осуден на затворска казна од девет години за криумчарање мигранти. Потерницата против него била барана од КПУ Затвор Штип бидејќи има за доиздржување казна уште шест години, три месеци и дванаесет денови.
Д.С. е осуден на казна од седум години за тешка кражба и има за доиздржување уште една година. Против него потерница била барана од КПУ Затвор Струмица.
Двајцата биле фатени и уапсени во Куманово, на бул. „Трета Македонска ударна бригада“.