Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски. Ќе ги исклучам трансродовите луѓе од војската и од училиштата
„Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски.
Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, пренесе Франс прес.
„Ќе ги исклучам трансродовите луѓе од војската и од училиштата“, побара новоизбраниот претседател.
Трамп, исто така, вети на својата публика во Феникс дека ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти. Тој ветува дека ќе ја спроведе најголемата операција за протерување илегални имигранти во историјата на САД.
„20 јануари навистина ќе биде денот на ослободувањето на Америка“, смета Доналд Трамп.
Тој повторно вети дека ќе стави крај на војната во Украина и ќе ги запре конфликтите на Блискиот Исток, но досега не навлезе во детали за тоа како ќе ги реализира тие планови.