Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија

Албанија ќе биде домаќин на стартот на меѓународната велосипедска трка „Џиро д’Италија“ следната година, соопштија денеска организаторите.
Првите три етапи ќе се возат во Албанија од 9 до 11 мај.
Првата етапа ќе стартува во пристанишниот град Драч и ќе заврши во Тирана по ридско возење од 164 километри.
Тирана ќе биде домаќин на втората етапа, во должина од 13,7 километри хронометар, поединечно, а потоа, третата етапа, исто така, ќе биде ридско возење од 160 километри што започнува и завршува во приморскиот град Валона.
По ден одмор, трката ќе се пресели во Италија, а целата рута за Џиро 2025 ќе биде објавена во јануари

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close