Филипче: За време на шест месеци власт на ВМРО ДПМНЕ минималната плата не порасна а просечната стагнира
Во изминатите шест месеци минималната плата не порасна а просечната плата стагнира, порача денеска на прес конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче.
,,ВМРО-ДПМНЕ целосно го напушти добро воспоставениот систем за раст на платите на СДСМ со кој ги пребродивме сите кризи. Замислете каква иронија, денес откако кризите се зад нас, се живее полошо од изминатите седум години кога поминавме три последователни економски кризи. Е толку е способноста на ВМРО-ДПМНЕ и толку се грижи за стандардот на граѓаните” рече Филипче.
Според него, власта манифестирала огромна ароганција и покажала неспособност не само да одговори на потребите на луѓето туку и да препознае што е издржан предлог за доброто на граѓаните, макар тој доаѓал и од опозицијата.
,,Сите предложени мерки кои директно би го подобриле животот на нашите сограѓани – укинување на ДДВ за основните производи, зголемување на минималната плата, зголемување на платите власта ги одби со невидена тврдоглавост. Денеска граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од нивните погрешни одлуки” порача Филипче