Крадец фатен на дело во Куманово: Се обидел да избега преку прозорец, па се поврдил


Утрово, во 07.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Р. (24) од Куманово.

Тој бил затекнат во деловен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово додека се обидувал да одземе пари и предмети, по што се обидел да избега преку прозорец, при што се здобил со повреди.

М.Р. бил пренесен во Општа болница Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close