„Не видов“: Македонец се правел „наудрен“ кога во Австрија го фатиле како вози 100 км над дозволеното

Македонски граѓанин тврдел дека не го видел знакот за дозволена брзина кога го фатиле како вози 100 км над дозволената брзина.

Инцидентот кој се случил во вторникот во австрискиот град Нојкирхен на Вокла во областа Воклабрук.

Тој возел со неверојатни 128 км/ч во резидентна зона каде максимално дозволената брзина е само 30 км/ч.

На возачот кој има 28 години веднаш му било запленето возилото од марката Мерцедес АМГ

Back to top button
Close