ВИДЕО: Еве како изгледа кога ќе се најдете под вода среде земјотрес со јачина од 6,9 степени

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео од земјотресот што ја погоди Индонезија на 8 ноември 2023 година, поточно областа околу морето Банда.

Она што го разликува од многу други е фактот што е создаден под површината на водата, додека група нуркачи го истражувале морскиот свет!

Некои земјотреси се толку силни што го „тресат“ дното на океанот и предизвикуваат цунами, што овој пат за среќа не се случи.

Без разлика, на нуркачите воопшто не им било удобно, пренесува LadBible.

Тие ги истражувале коралите и пливале со рибите, кога одеднаш се слушнала страшна бучава, а за неколку секунди се крена голем облак од прашина. Се чини дека жртвите се борат со бесната струја и ги избегнуваат остатоците.

Back to top button
Close