Логика што може да го уништи човештвото!
Луѓето кои се доволно „луди“ за да мислат дека можат да го променат светот се оние кои го прават тоа – вели Стив Џобс, коосновач и директор на Епл!
Мерсел Биљали

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 проценти, што е најниско ниво во неговата политичка кариера, според новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Падот доаѓа во услови на растечко незадоволство од неговиот пристап кон трошоците за живот, вклучително и меѓу републиканците. Анкетата покажа дека 73 проценти од републиканците го одобруваат работењето на Трамп, што е намалување во однос на 82 проценти една недела претходно. Неговиот вкупен рејтинг на одобрување во претходната анкета беше 35 проценти. Трамп се враќа во Белата куќа во јануари 2025 година со рејтинг на одобрување од 47 проценти, ветувајќи дека ќе ја намали инфлацијата и ќе ги прекине војните во странство.
Џефри Сакс, познат светски економист во интервју со Сајрус Јансен, познат геополитички аналитичар со над 2 милиони следбеници на бројни платформи на социјалните медиуми, во интервју за „Real Talk China“, вели дека војната против Иран што ја започнаа САД и Израел на 28 февруари 2026 година, веројатно ќе заврши со срамно повлекување на САД. Не е можно да се продолжи со војната без да предизвикува катастрофални последици во регионот и пошироко. Обновената ескалација веројатно би довела до уништување на инфраструктурата за нафта, гас и десалинизација во регионот, предизвикувајќи продолжена глобална катастрофа. Иран може да наметне трошоци што САД не можат да ги поднесат и од кои светот може да страда. Сакас вели дека воениот план на САД и Израел бил напад со обезглавување, продаден на Трамп од премиерот Бенјамин Нетанјаху и Дејвид Барнеа директор на Мосад. „Болната амбиција ја победува генијалноста во 99 проценти од случаите“, вели Џеј Лено, писател и актер. Премисата беше дека агресивната заедничка кампања на бомбардирање на САД и Израел толку многу ќе ја деградира командната структура на иранскиот режим, да нуклеарната програма и високото раководство и ИРГК – режимот ќе се сруши. Потоа, САД и Израел би наметнале флексибилна влада во Техеран.
Сакс истакнува дека раководството на САД (под администрацијата на Трамп) влегло во конфликтот верувајќи во заблудата дека брзи еднодневни напади или атентати врз иранското раководство ќе им овозможат на САД и Израел целосно да ја контролираат ситуацијата и да доведат до промена на режимот. Според него, војната против Иран ќе заврши со повлекување на Американците, бидејќи американската империја не може да ја добие војната против Иран по прифатливи финансиски, воени и политички трошоци. Слична констатација има и Lary Johnson – поранешни функционер на стејтдепартемнтот (уред за борба против тероризмот) и аналитичар на ЦИА.
„Војна со иран потполно произволно, идиотско. Се охрабрил со Венецуела, па сакал истото на разбојнички начин во Иран. Цената на нафтата се покачи над 100 долари по барел. Бидејќи нафтата веќе не поминува низ Хормуз и Баб ел Мандеб. Цената на нафтата влијае директно врз светската економија“ – вели Сакс. Но ова не е разбрано во околности кога линијата помеѓу кралот и дворскиот лудак е многу тенка.
Сакс вели дека се сретнал со бројни челници на земји од заливот. Тие му кажале дека Трамп им ветил дека ќе добијат чиповите H100 на Нвидиа (NVIDIA), само да ги поддржат американско-израелските напади. И дека тие ќе бидат повластени во бројни активности. Кажале дека „Трамп имал слабо познавање во односите меѓу Арапите и Иранците“. А тоа е разбирливо за кабинет кај што има бројни „тројански коњи“ качени на магариња.
Сега имаме еден нов сојуз меѓу Пакистан, Турција и Саудиска Арабија, каде што една е нуклеарна сила. А веројатно дека кон тоа друштво ќе се приклучи Египет и некои други арапски земји. Државите бараат ново престројување во новиот светски поредок, откако претходниот е уништен од Путин и Трамп. Униполрност са видна доминација на САД (1992 -2022) заминува во историја. Веројатно доаѓа ерата на конзервативци и неоконзервативци во светот, кое може сериозно да влијае врз функционирањето на Европска Унија.
Конзеррвативците губат мнозинство!
Џефри Сакс е убеден дека полумандатните избори во САД, конзервативците ќе го губат мнозинството во двата нивоа. Но, сè може да се очекува од начинот на размислување на Трамп. Познато е што направил кога ги загубил изборите пред скоро шест години. Веројатно и сега ќе смисли нешто оти нема кој да му се спротивстави. Сосема е можно тој да инсистира да се забрани гласање по пошта (како што најмногу гласаат демократи). Тој е уплашен оти загубата може да значи крај за неговата админисрација без двата дома. Не можат да донесат закони по негова волја. Тој и сега во голема мера владее со декрети, спротивно на Уставот на САД. Сака силно владеење, особено кога неговата аура е рзбиена.
„Тој е стар, неспособен и башка ментално нестабилен човек. Ова е трагедија за нас , но ова е наша вистинска ситуација“ – вели Сакс. Тој е на мислење дека состојбата со вештачката интелигенција е алармантно. „А Трамп, со висок коефициент на интелигенција“ – вели дека сè е под контрола, а експерти и наулници велат дека ништо не е под контрола. Сè повеќе опасни случаи каде што вештачката интелигенција делува неконтролирано и самоволно.
Сакс вели дека САД веќе ја немаат таа моќ која неоконзервативците во САД тврдат дека ја имаат. Трамп со „Америка Прва“ тврдел дека ќа ги запре сите војни во светот, а започна нови војни како ниеден друг претседник во историјата, со огромна штета по светот, а и по самите САД. Сега тој напразно ја прикажува гоеграфска карта на САД која покрива цела Свеверна Америка и Јужна Америка (како детска игра) покриена со знамето на САД, каде што не се гледа Канада (втора земја по големина на светот), Мексико и цела Јужна Америка! Но, тоа веќе никого не импресионира, ниту самите автори на таа идеја – вели Сакс.
САД Трамповата политика кон Канада направи државите да бидат внимателни, бидејќи испадна дека со Трамп лошо е САД да ви биде непријател, ама уште полошо да ви биде пријател. Бројни Американци се импресионирани од брзиот развој на Кина, и оправдано се прашуваат што ни се случува нам?! Но, луѓето може да лаат но кучињата си врват!
Гувернерот на Калифорнија, Gavin Newsom, изјави: „Кина не се шегува. САД веќе се претвораат во фуснота. Кина продира во светот, ги окови снабдувањето, влијанието, додека САД, како што вели Сакс, продолжуваат да шират глупост. Професорот Џефри Сакс е светски познат американски економист и професор, и вакви зборови сега го потресуваат секој Американец. Тој мисли дека колку повеќе САД и Кина соработуваат, толку целиот свет ќе има корист. Трамп глупаво се обидува да одржи монопол врз вештачката интелигенција, но таа е универзално корисна како што е електричната енергија за целиот свет. Не е добро да се спречи.“ Но таму, како и овде на Балканот, совеста лесно се купува и продава како на кванташки пазар.
БРИКС ја пополнува празнината!
БРИКС продолжува со самити. Додека САД се заглавени во Харг, Хормуз и Баб ел Мандеб, БРИКС продолжува да ја проширува соработката. Сега, по прв пат, Си Џинпинг лично отпатува во Индија. Беше заклучено дека БРИКС созреал. Кина и Индија, кои не се во многу добри односи, сепак го олеснија визниот режим и ги подобрија трговските односи. Нивната размена достигна 155 милијарди долари.
САД сега имаат долг од 14 трилиони долари. Воено-индустрискиот комплекс, како опасна ѕверка, продолжува да ја диктира надворешната политика. Ајзенхауер јавно кажа дека тоа е опасно за САД. Елон Маск инвестира пари во Силиконската долина и се обидува да ги добие договорите што ги сака. Трамп работи на збогатување на своето семејство, што не било практика на другите претседатели претходно. Неодамна, Трамп рече – ќе дадам 5.000 долари на секој возрасен. Тоа е идиотизам што ќе го крене долгот до небо. Конгресот е неспособен и дава три вештачки интелигенции да ги контролира семејството Трамп. Три фирми ИЕ да го контролираат пазарот, тоа е идиотизам – вели Сакс. Понекогаш патриотизам е да ги браните другите од себеси. Башка со царините кое бројни земји разочара и сега бараат други партнери. Кина тоа вешто го користи. Трговскиот дефицит на САД со Кина, кој изнесува повеќе од 91 милијарда долари. А башка што неконтролираната вештачка интелигенција може да го загрози човештвото вели Сем Алтман од „Оpen AI”.






