Манаки: Бесплатни проекции на пет наградувани филмови, дел од проектот Зимско издание
Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки”), ќе се одржи од 17. до 26. јануари 2025 година.
Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, од 17. до 26. јануари ќе има прилика бесплатно да погледне пет регионални наградувани филмови. Дел од програмата ќе бидат „Екскурзија” на режисерката Уна Гуњак, „М” на Вардан Тозија, „Набљудување” на Јанез Бургер, „Работничката класа оди во пеколот” на Младен Ѓорѓевиќ и „Само кога се смеам” на Вања Јураниќ.
Програмата почнува во петок, 17 јануари, со бесплатна проекција на филмови во кината во Сараево, Белград, Хецег Нови, Љубљана, Загреб, Битола и Скопје, а потоа, од 18 до 26 јануари сите филмови ќе бидат достапни за гледање онлајн платформата Ондеманд
Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е единствена можност за публиката во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и Македонија бесплатно онлајн да ги погледне наградуваните филмови.
Во рамки на програмата, во Кинотека ќе биде отворена изложба на сите досегашни 45. плакати од 45-те изданија на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”. Таму, публиката ќе има можност да поразговара со кинематограферот на филмот „Екскурзија”, Матијас Пилц.
Ова е трето Зимско издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, организирано со цел да ги промовира и направи повидливи квалитетните регионални филмски остварувања, а прво во кое е вклучен ИФФК „Браќа Манаки” и прво кое се одржува и во Македонија и чии филмови на ондименд платформата се достапни и за македонската публика.
Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е поддржана од потпрограмата МЕДИА на програмата Креативна Европа на ЕУ.