Почина писателот и новинар Наум Бајо

Во понеделник, 13-ти јануари 2025 година, во 13:00 часот во Струга ќе се оддаде последна почит на писателот и новинар Наум Бајо.

Роден на 30 април 1943 година во Долна Белица, Бајо уште од млади години го посвети својот живот на пишувањето и новинарството. Како член на ДПМ, Бајо остави длабок белег во македонската книжевност. Со своите дела, меѓу кои романите „Црвените птици над Рим“, „Часовник од цвеќе“, „Камено сонце“, збирката раскази „Живот“, како и трите тома ,,Мојата Струга” тој создаде светови што зборуваат за човечките судбини и вечните вредности.

Работел и како новинар и хроничар на животот на Струга и нејзините жители. Неговите записи ги оживуваа спомените за старите занаети, истакнатите личности и настаните кои го обликуваа нашиот град.

За неговиот придонес, Бајо во 2022 година ја доби престижната награда „Петковиот аманет“ за животно дело, со што неговата работа беше официјално признаена и прославена.

Back to top button
Close