Миленко Неделковски ги затворил вратите за маркетинг тимот на ФК Вардар

Пред три часа, клубот ФК Вардар објави на својот Фејсбук профил дека Миленко Неделковски забранил влез за лица од нивниот маркетинг тим.
„Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, беше денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу ,,здружението 35 години Вардарци” и сопственикот Атила Бижен Жалили.
Поради тоа, во моментот се случува блокада на тренинг кампот, а целта на собраните е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски“, стои во соопштението.

Back to top button
Close